Наши пријатели

Македонија во вториот шешир за извлекуваењто за Младинските Еуро Квалификации

drawbowl_560

Младинската репрезентација на Македонија (до 20 години) во машка конкуренција, во периодот од 8 до 10 април 2016 година ќе учествува на Квалификациите за Младинското Европско Првенство што ќе се одржи во Данска наредното лето. Извлекувањето на квалификациските групи е закажано за 14 ноември во Букурешт.

Вкупно 32 репрезентации ќе учествуваат во квалификациите, а пред извлекувањето се поделени во 4 шешири. Репрезентацијата на Македонија се наоѓа во вториот шешир, што подразбира дека не може да биде во иста квалификациска група со Исланд, Хрватска, Белорусија, Русија, Србија, Чешка или Романија.

Според системот на натпреварување, осумте групи од Квалификациите ќе дадат вкупно 12 учесници на ЕП во Данска. Од првите четири групи, во кои носители се селекциите од првиот шешир – Шведска, Швајцарија, Германија и Полска, на ЕП ќе патуваат по две селекции. Останатите четири групи во кои носители ќе бидат некои од селекциите од вториот шешир, на ЕП ќе дадат по еден патник, односно најдобро пласираниот тим.

Покрај горенаведените репрезентации од првиот и вториот шешир, на Квалификациите ќе учествуваат и Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Грузија, Грција, Израел, Италија, Косово, Литванија, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Португалија, Словенија, Словачка, Турција и Украина. Заедно со групите, на извлекувањето во Букурешт ќе бидат одредени и домаќините на осумте квалификациски турнири. Инаку, на ЕП во Данска што ќе се игра од 28 јули до 7 август 2016, директен пласман имаат обезбедено Франција, Унгарија, Шпанија и домаќинот на шампионатот, Данска.

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright