Наши пријатели

Македонија во третиот шешир пред извлекувањето на групите за Младинското СП во Алжир

SP U21 (rakomet-kvalifikacii) Makedonija-Portugalija 05.01.2017-7141

Утре (10 мај 2017), со почеток од 16:00 часот во канцелариите на ИХФ во Базел, ќе се одржи извлекувањето на групите за Светското младинско првенство што летово ќе се игра во Алжир.

Младинската репрезентација на Македонија, која до пласман на СП стигна по победата на квалификацискиот турнир во Скопје на кој учествуваа уште Полска, Португалија и Турција, го очекува извлекувањето од третиот шешир. Во истиот тој трет шешир се наоѓаат уште селекциите на Фарски Острови, Катар и домаќинот Алжир, што значи дека избраниците на Иле Темелковски нема да можат да се сретнат со овие селекции во првата групна фаза.

Ќе бидат извлечени вкупно четири групи од по шест репрезентации, а според најавениот систем на натпреварување, најдобропласираните четири селекции од секоја група, минуваат во осминафиналната фаза. Останатите селекции ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место. Светското младинско првенство во Алжир ќе се игра во периодот од 18 до 30 јули 2017.

1 шешир: Франција, Шпанија, Германија, Хрватска
2 шешир: Тунис, Норвешка, Данска, Исланд
3 шешир: МАКЕДОНИЈА, Алжир, Фарски Острови, Катар
4 шешир: Унгарија, Египет, Саудиска Арабија, Бразил
5 шешир: Словенија, Брукина Фасо, Јужна Кореја, Аргентина
6 шешир: Русија, Мароко, Шведска, Чиле

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright