Македонија убедлива против Молдавија

Македонија убедлива против Молдавија

Женската младинска репрезентација на Македонија (до 19 години) славеше висока победа од 44-25 против Молдавија за затворање на вториот ден од Квалификацискиот тунрир за ЕП. Утре од 19:30 во СРЦ „Кале“ против Фарски Острови, нашите репрезентативки го играат решавачкиот меч за пласман на континенталниот собир.

Уште од самиот старт на натпреварот, избраничките на Борче Марковски со доминантна игра креираа сигурна позитива против Молдавија, која до крајот од средбата само ја зголемуваа. До полувремето разликата се искачи до 12 голови (22-10), а иако селекторот Марковски во второто полувреме често го ротираше составот, Македонија продолжи да го зголемува водството и стигна до конечни 45-22.

Васка Глигоријадис со 8 голови беше прв стрелец во нашиот тим, Иванова и Николовска додадоа по 5 голови, стрелци на по 4 голови беа Божиновска, Гајиќ, Гичевска и Николиќ, додека во листата на стрелци се запишаа и Стефановска со 3, Граматовка, Камческа и Велкова со по 2, односно Владева со 1 гол.

Со овој триумф, Македонија се наоѓа на делба на втората позиција на табелата со утрешниот ривал – Фарски Острови. Мечот помеѓу Македонија и Фарски Острови во СРЦ „Кале“ почнува од 19:30 минути, а победникот ќе обезбеди пласман на ЕП во Словенија. Во случај на нерешен исход, Македонија ќе се пласира на ЕП поради подобра вкупна гол-разлика на турнирот.

Од нашата група, на Европското Првенство во Словенија пласман веќе обезбеди Унгарија која денеска ја забележа втората победа, славејќи против Фарски Острови со високи 41-16.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на