Македонија сигурна против Ангола за втора победа на СП

Македонија сигурна против Ангола за втора победа на СП

Сениорската машка репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа во вториот натпревар на Светското Првенство, откако синоќа во Мец ја совлада селекцијата на Ангола со 31-22.

И покрај тоа што резултатот беше генерално изедначен во првите минути од натпреварот, нашите ракометари постојано ја контролираа играта, што до крајот на првото полувреме резултираше со предност од 14-9. Ангола на самиот старт на второто полувреме успеа да намали на 15-13, но веднаш потоа Македонија стигна до нова серија со која се искачи и на двоцифрена предност која ја одржуваше до крајот од средбата. Во рутинската завршница нашата репрезентација само ја потврди сигурната победа од 31-22.

Кирил Лазаров со 10 постигнати голови повторно беше прв стрелец во нашиот состав, а пет голови додаде Гоце Георгиевски, кој по натпреварот го доби и МВП признанието. Филип Лазаров беше стрелец на три гола, по два додадоа Манасков, Стоилов и Никола Марковски, а два гола постигна и нашиот голман Благојче Трајковски. Во листата на стрелци со по еден гол се запишаа и Митков, Талески, Миркуловски, Ојлески и Поповски.

Со оваа втора победа, Македонија останува на делба на првата позиција на табелата со Шпанија и Словенија со досега максимален учинок. Следна за нашата репрезентација е средбата со Словенија што ќе се игра во понеделник од 17:45.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници