Наши пријатели

Македонија против Полска, Тунис и Чиле во квалификациите за ОИ во Рио

belorusija-makedonija-naredeni-615x400

По комплетирањето на континенталните шампионати во текот на викендов, познати се сите репрезентации учесници во групите за квалификациските турнири за Олимписките Игри во Рио 2016 година. Македонија се наоѓа во Групата 1, каде против Полска, Тунис и Чиле ќе се бори за некое од првите две места кои носат пласман на ОИ.

Квалификацискиот турнир ќе се игра во периодот од 7 до 10 април 2016 година, а домаќинот – организатор на турнирот, дополнително ќе биде одреден.

Во меѓусебните дуели со овие противници низ историјата, нашата репрезентација против Полска има одиграно три натпревари од кои славеше на две средби а единствениот пораз го доживеа токму на последното ЕП што се играше во Краков (24-23). Позитивен учинок имаме и против Чиле, кого на единствениот меѓусебен дуел на СП во 2013 година го совладавме со 30-28, додека со Тунис резултатот е изедначен (1-1), откако Македонија славеше на последниот натпревар одигран на СП во Катар со 33-25.

Инаку, за нашата ракометна репрезентација ова ќе претставува втор Квалификациски турнир за Олимписки Игри. Македонија играше и во квалификациите за Лондон 2012, кога беше елиминирана во група со Шведска, Унгарија и Бразил.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright