Наши пријатели

Македонија против Германија за прво место во групата и 4 бода во втората фаза

39696308862_568978fc93_b

Вечерва од 18:15 часот во Загребска арена, Македонската машка сениорска репрезентација ќе го одигра последниот меч од првата фаза во кој противник ќе ни биде актуелниот Европски шампион – селекцијата на Германија.

Двете селекции веќе по првите две кола го осигураа своето учество во втората фаза од натпреварувањето, така што денешниот меѓусебен дуел ќе претставува директна борба за пласман на првата позиција во групата, односно борба за што повеќе пренесени бодови во втората фаза во Вараждин. Македонија со победите над Словенија и Црна Гора има загарантирани 2 бода кои ќе ги пренесе во Вараждин, а на нив ќе се додадат и евентуалните бодови од средбата со Германија. На Германците од друга страна, им зависи и исходот од втората средба во групата помеѓу Словенија и Црна Гора, со тоа што тие ја совладаа Црна Гора, но одиграа само нерешено со Словенија.

На прес-конференцијата која вчера се одржа во тимскиот хотел во Загреб, нашите репрезентативци го искажаа задоволството од досегашните резултати на Првенството порачувајќи дека ќе одиграат во свој стил, максимално борбено и посветено и против фаворизираната Германија. Натпреварот почнува од 18:15 часот во Загребска Арена.

По завршувањето на денешното последно коло од групите Ц и Д, Македонија, Германија и Шпанија ќе се приклучат на Главната Група 2 во Вараждин. Влез меѓу 12-те најдобри ќе обезбедат уште победникот од мечот Словенија – Црна Гора, како и две од трите екипи од Д групата (Данска, Чешка и Унгарија) кои во последното коло ќе го одлучат конечниот пласман.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright