Македонија поразена од Шведска во Скопје

Македонија поразена од Шведска во Скопје

Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од фаворизираната Шведска на натпреварот што се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје, во рамки на претпоследното коло од Квалификациите за ЕП 2018.

Швеѓанките водеа во текот на целата средба и заслужено стигнаа до победа од 32-20, која официјално стави крај на борбата на нашата репрезентација за некое од првите две места на табелата кои водат на ЕП. Теоретската шанса за пласман на континенталниот собир за нашата репрезентација и натаму постои, како најдобро третопласирана селекција од квалификациите, но за да ја задржат таа шанса, избраничките на Симе Симовски мораат да остварат победа против моментално првопласираната во нашата група – Србија на гостински терен во Ниш. Тој натпревар ќе се игра во недела (3 јуни) од 18:00 часот.

На синоќешната средба во СРЦ Кале, Швеѓанките предводени од Робертс и Гулден, во првото полувреме стигнаа до предност од 16-7. Нашите репрезентативки добро го почнаа второто полувреме и предводени од Моника Јанеска успеаја да намалат во неколку наврати, сепак погодоците од контра напади главно преку Хагман и Санд, ја задржаа и дополнително зголемија предноста на гостинската селекција, за конечни 32-20.

Јанеска ја заврши средбата со 5 погодоци и заедно со Сара Ристовска која исто така реализираше 5 гола, беше најпрецизна во нашиот тим. Во листата на стрелци се запишаа и Елена Ѓеорѓијевска со 3 гола, Керамичиева и Саздовска со по 2 гола, како и Гакидова, Николиќ и Штериова кои постигнаа по 1 погодок. Кај Шведска, Робертс беше најефикасна со 8 голови.

Вчерашниот натпревар во Скопје имаше посебно значење за долгогодишната репрезентативка – Мирјета Бајрамовска, за која средбата беше претпоследна во нејзината репрезентативна кариера и последна пред домашната публика. Пред почетокот на натпреварот со Шведска, Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, на Бајрамовска и врачи врамен дрес од репрезентацијата, а подарок во име на репрезентативните колешки и врачи и капитенот на репрезентацијата, Елена Ѓеорѓијевска.

bajramovska-mukaetov

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на