Македонија поразена од Чешка во Плзен

Македонија поразена од Чешка во Плзен

Сениорската машка репрезентација на Македонија доживеа пораз од 35-28 на гостувањето кај Чешка во второто коло од квалификациската група за пласман на ЕП 2018.

Почетокот на натпреварот беше изедначен, а со двата гола на Лазаров и едниот на Манасков резултатот по 7 минути игра беше 3-3. Сепак, следуваше период од 10-тина минути во кој не успеавме да реализираме, а домашната репрезентација го искористи тоа и со серија од 7-0 поведе со 10-3. На полувреме се замина со 18-12 за Чешка, но иако на стартот на второто полувреме успеавме неколку пати да ја намалиме разликата која во еден момент изнесуваше и три голови (19-16), сепак домаќините не дозволија комплетен пресврт и го зголемија водството одржувајќи го до крајот на средбата. Чешка стигна до највисоко водство од 9 голови разлика (33-24), за во самата завршница со реализациите на Лазаров и Талески, Македонија да намали и да ги постави конечните 35-28.

Кирил Лазаров со 9 голови беше прв стрелец во нашиот тим, а Дејан Манасков додаде 8 голови. Талески и Нелоски постигнаа по 4 погодоци, додека во листата на стрелци се запишаа и Стоилов, Никола Маркоски и Георгиевски со по 1 постигнат гол. Кај Чешка, Хрстка беше најдобар стрелец со 10 голови, Петровски постигна 6, а впечатлив настап имаше и голманот Мартин Галиа.

Со овој пораз Македонија останува со 2 бода во квалификациската група, исто колку што имаат и останатите три репрезентации – Чешка, Исланд и Украина. Квалификациите за ЕП 2018 продолжуваат на почетокот на мај 2017 година, кога нашиот состав го очекуваат две средби по ред против Исланд. Последните две кола во кои гостуваме на Украина и ја пречекуваме Чешка, ќе се одиграат на средината на јуни 2017 година. Првопласираните две репрезентации од групата ќе обезбедат пласман на Европското Првенство што во јануари 2018 година ќе се игра во Хрватска.

0009

0012

5

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на