Македонија гостува на Словенија од 17:30

Македонија гостува на Словенија од 17:30

Попладнево од 17:30 часот во Марибор, со дуел против домаќинот Словенија, нашата женска сениорска репрезентација ги продолжува квалификациите за ЕП 2016 година.

Избраничките на селекторот Симе Симовски вчера пристигнаа во Марибор, а одработија и еден тренинг во Арената „Лукна“ каде денеска ќе се одигра натпреварот. Ова ќе биде првиот од двата меѓусебни дуели на Македонија и Словенија во групата, кои практично претставуваат борба за третата позиција на табелата, која би можела да води на ЕП.

Вториот натпревар помеѓу овие две селекции, на кој Македонија ќе биде домаќин, се игра во сабота од 20:00 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Досега, по две одиграни кола во квалификациската група, Македонија и Словенија го делат третото место во групата без бодови, по поразите од Црна Гора и Хрватска.

Capture1

Capture2

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на