Наши пријатели

Македонија – Германија, 17 јануари 2018, 18:15 часот

himna

Со осигурeн пласман во втората фаза денес нашите машки ракометни сениори ќе се соочат со актуелниот Европски првак: селекцијата на Германија.

Максимално мотивирани и посветени, нашите момци остануваат апсолутно фокусирани на играта. Загрепската арена денес повторно ќе биде во црвено-жолта доминација на трибините а нашите момци со сите сили спортски, фер, достоинствено и гордо ќе ги бранат боите на националниот дрес на теренот!

Под стручната команда на Раул Гонзалез, влегуваме во нова битка, со срце на терен, без компромиси, без калкулирања и со ладни глави!

ЗА МАКЕДОНИЈА!

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright