Конечен список на патници за Медитерански Игри – Тарагона 2018

Конечен список на патници за Медитерански Игри – Тарагона 2018

Стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија го објави конечниот список од 16 ракометари што ќе ја претставуваат нашата земја на ракометниот турнир во машка конкуренција на Медитеранските Игри – Тарагона 2018.

Список на ракометари:

Мартин Томовски, Никола Даниловски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Филип Чурлевски, Мартин Велковски, Мартин Поповски, Никола Костески, Костадин Петров, Милан Лазаревски, Дарко Димитриевски, Жарко Пешевски.

Заминувањето за Тарагона е предвидено за 21 јуни, а наредната седмица ракометарите ќе одработат кратки подготовки во салата „Автокоманда“ во Скопје. Собирот е закажан за вторник (19.06.2018) со почеток од 18:00 часот. Инаку, медитеранската машка селекција работеше подготовки и во текот на минатата седмица, паралелно со првиот тим кој настапи на бараж натпреварите за Светското Првенство 2019.

Ракометниот турнир на медитеранските игри во Тарагона почнува на 23 јуни, а Македонија се наоѓа во група со Египет, Србија и Турција. Според распоредот на натпревари, првиот меч го играме со Туција на 23 јуни, ден подоцна се среќаваме со Египет, додека групната фаза ќе ја затвориме на 25 јуни. Следува ден одмор, а натпреварите за конечен пласман на Игрите продолжуваат од 27 јуни до 1 јули, за кога се закажани финалните средби.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на