Наши пријатели

Кадетска репрезентација на Македонија – список на повикани ракометари на собир

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го објави списокот од 22 ракометари што ги повика на првиот собир за почеток на подготовките за ЕХФ Шампионатот што во периодот од 10 до 19 август ќе се игра во Грузија.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ:

Виктор Василевски, Дарко Кондев, Марко Божиновски, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигероски, Бобан Каковски, Мартин Карапалески, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Ненад Костески, Ален Ќосевски, Кристијан Симоноски, Андреј Митиќ, Симон Гучевски, Кристијан Анѓелкоски, Бојан Солев, Марко Кизиќ, Давид Даев, Теодор Тодески, Мартин Ивановски, Александар Стојков, Димитар Ристовски

Подготовките на кадетите ќе се одржат во Маврово, а заминувањето за Маврово е предвидено за вторник (31 јули 2018) од 11:30 часот од пред канцелариите на РФМ во Скопје.

Кадетската репрезентација на Македонија (до 18 години) на ЕХФ Шампионатот во Грузија се наоѓа во групата А заедно со селекциите на Швајцарија, Фарски Острови, Естонија, Литванија и Луксембург. Првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето на турнирот, а само освојувачот на турнирот ќе обезбеди место на наредното Европско Првенство.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright