Наши пријатели

Кадетите сигурни против Кипар за старт на ЕХФ Шампионатот

MAC-CYP_26-1200x640

Кадетската машка репрезентација на Македонија (до 18 години) со победа од 36-17 против Кипар го почна ЕХФ Шампионатот што се одржува во Бугарија. Избраниците на Иле Темелковски одржуваа високо водство во текот на целата средба и заслужено стигнаа до првиот триумф.

Уште од самиот почеток на натпреварот, нашите репрезентативци со цврста и квалитетна тимска игра во одбраната ги контролираа случувањата на теренот. Реализациите на Димитриоски и Шилегов главно преку контри и полу-контри обезбедија почетна сигурна предност која постојано се зголемуваше. На полувреме Македонија замина со водство од 22-7, а во продолжението селекторот Темелковски им даде шанса на сите ракометари и ја искористи можноста подобро да го воигра тимот пред продолжението на Шампионатот. Во рутинската завршница, Македонија оствари конечен триумф од 36-17.

Димитриоски и Шилегов со по 7 голови беа најпрецизни во нашиот тим, а 6 гола додаде Дарио Петровски. Стрелци на по 3 гола беа Димитровски и Ѓошевски, по 2 постигнаа Серафимов, Кукуловски и Крстевски, а по еден гол реализираа уште Илиески, Јагуриновски, Танкоски и Арсеновски.

ЕХФ Шампионатот за нашиот состав продолжува утре со натпреварот против Ерменија од 14:00 часот по македонско време. Во среда се среќаваме со Украина, а потоа во четврток е слободен ден пред последните два натпревари од групата против Косово и Унгарија.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright