Кадетите поразени од Унгарија. Ќе играат за бронза на ЕХФ Шампионатот

Кадетите поразени од Унгарија. Ќе играат за бронза на ЕХФ Шампионатот

Кадетската машка репрезентација на Македонија (до 18 години) загуби од Унгарија во одлучувачкиот меч за пласман во финалето на ЕХФ Шампионатот. Избраниците на Иле Темелковски денеска ќе се сретнат со Фарски Острови во дуел за третата позиција.

Иако добро го отворија натпреварот и први го превземаа водството, нашите репрезентативци немаа сили до крај да го издржат силното темпо кое го наметнаа Унгарците. На 12 минути до крајот на првото полувреме резултатот беше 9-9, сепак Унгарија користејќи ги четирите исклучувања од по две минути на нашите ракометари во завршницата од полувремето, на пауза замина со веќе висока предност од 17-11.

Серијата Унгарците ја продолжија и во првите минути од второто полувреме, кога разликата веќе беше превисока за нашите играчи да можат да се понадеваат на пресврт. Унгарија одигра рутинска завршница во која го заврши мечот со висока победа од 37-22, а како дополнителен проблем за нашиот тим дојдоа и двата директни црвени картони на голманот Петковски и капитенот Арсеновски, кои поради суспензиите нема да можат да настапат во мечот за третото место.

Македонија по овој прв пораз на Шампионатот ја заврши групната фаза на втората позиција и во недела од 16:00 часот по македонско време ќе го игра мечот за бронзениот медал против тимот на Фарски Острови кој пак заврши втор во другата група. Во финалето кое ќе одлучува за пласман во А Дивизијата ќе се сретнат Унгарија и Турција.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на