Кадетите почнуваат со подготовки за ЕХФ Шампионатот на 5 август

Кадетите почнуваат со подготовки за ЕХФ Шампионатот на 5 август

Кадетската машка репрезентација на Македонија (до 18 години) на 5 август 2016 година во Скопје ќе ги почне подготовките за ЕХФ Шампионатот што во периодот од 15 до 21 август ќе се игра во Варна и Камчиа, Бугарија.

Со одлука на Управниот Одбор на РФМ, Иле Темелковски е поставен за селектор на Кадетската репрезентација, откако Пепи Манасков од оправдани лични причини не беше во можност да одговори на задачата, но г-динот Манасков потенцираше дека во иднина ќе биде на располагање за сите проекти на Федерацијата доколку има потреба од негов ангажман.

Темелковски го закажа првиот собир на репрезентацијата за 5 август, а повикани се 21 ракометар. Дел од играчите кои се вклучени во Јуниорската репрезентација, ќе се приклучат по завршувањето на Јуниорското ЕП што ќе се игра во Данска во периодот од 28 јули до 7 август.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА КАДЕТСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

На ЕХФ Шампионатот (15-21 август), Македонија ќе игра во групата А заедно со репрезентациите на Унгарија, Украина, Ерменија, Косово и Кипар. Натпреварите во групната фаза ќе се играат во Камчиа во периодот од 15 до 20 август, додека финалните средби ќе се играат на 21 август во Варна.

Пред почетокот на ЕХФ Шампионатот, поточно на 13 август, Македонија во склоп на подготовките ќе одигра пријателска средба со кадетската селекција на Бугарија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на