Наши пријатели

Кадетите четвртопласирани на ЕХФ Шампионатот во Грузија

SUI5MKD-36t2hsgqfg8r5oewzgsagw

Кадетската репрезентација на Македонија (до 18 години) загуби во натпреварот за бронзата против селекцијата на Швајцарија со 35-31, со што го заврши ЕХФ Шампионатот на четвртата позиција. Двајца ракометари од нашата селекција беа избрани во најдобриот тим на Првенството.

И покрај тоа што нашите репрезентативци ја совладаа Швајцарија во меѓусебниот дуел во групната фаза, на денешниот последен меч за тимот на Данило Брестовац на ЕХФ Шампионатот во Грузија, ракометарите на Швајцарија излегоа како победници и го освоија бронзениот медал.

Натпреварот генерално беше изедначен, Македонија водеше во поголемиот дел од првото полувреме, но во текот на второто полувреме се играше со доста пресврти. Во завршницата се влезе со изедначен резултат (28-28), а Швајцарија со поефикасна игра во последните минути стигна до триумф од 35-31.

Серафимов и Костески со искомбинирани 13 голови беа најдобри стрелци во нашиот тим, Симоновски додаде 5 гола, стрелци на по 4 погодоци беа Митиќ и Џигероски, 3 реализираше Георгиев, додека по еден гол постигнаа Кондев и Карапалески.

На свечената церемонија по завршувањето на финалниот меч од турнирот, доделени беа и индивидуалните награди. Мартин Серафимов беше избран за најдобар десен бек а воедно беше и втор најдобар стрелец на ЕХФ Шампионатот со 54 постигнати голови, додека Ненад Костески го доби признанието за најдобро десно крило на турнирот.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright