Наши пријатели

Јуниорите со две пријателски средби против Хрватска

DSC_0174

Јуниорската машка репрезентација на Македонија (до 20 години) во сабота и недела во Умаг ќе одигра две пријателски средби против Хрватска во завршната фаза од подготовките за Европското Првенство во Данска.

Избраниците на Александар Јовиќ во изминатите седум дена редовно по два пати дневно тренираа во Умаг, а двете средби против Хрватска ќе претставуваат последен тест пред патувањето за Колдинг. Првиот меч помеѓу Хрватска и Македонија во сабота ќе се одигра од 14:00 часот, додека втората средба во недела ќе почне од 17:00 часот.

Јуниорите веќе ја работат својата завршна фаза од подготовките за Европското Првенство во Данска кое ќе се игра во периодот од 28 јули до 7 август. Нашите ракометари најпрво тренираа во Скопје и во Маврово, а пред да допатуваат во Умаг, минаа неколку денови подготовки и на Рогла во Словенија, каде одиграа две пријателски средби против домашната селекција во кои остварија една победа и еден пораз.

По двата пријателски натпревари против Хрватска, Јуниорите продолжуваат уште два дена со тренинзи во Умаг, а заминувањето за Данска е предвидено за 27 јули од Загреб. Првиот натпревар на Европското Првенство, Македонија ќе го одигра на 28 јули против Норвешка, а во групната фаза ќе се сретнеме уште со Данска и Холандија.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright