Наши пријатели

Јуниорите поразени од Хрватска со 23-20 на првата пријателска средба во Умаг

FB_IMG_1469361645934

Јуниорската машка репрезентација на Македонија (до 20 години) загуби во првата од двете пријателски средби против Хрватска со 23-20. Утре од 17:00 часот, повторно во Умаг, двете селекции ќе одиграат уште еден меч.

Со голот на Мартин Велковски, Македонија прва стигна до водство, но Хрватска веднаш врати и со три гола во низа ја превзема предноста. Во најголемиот дел од натпреварот се играше изедначено, со цврста одбрана и доста контакт на двете страни, а Хрватска одржуваше блага предност која најчесто се движеше од 1 до 2 гола. До полувремето нашите ракометари имаа неколку шанси да изедначат, сепак Хрватска ја одржа предноста и на пауза се замина со 10-9.

На самиот почеток на второто полувреме, Филип Талески реализираше за изедначување на 10-10, а гол-за-гол се играше во наредните 10 минути кога резултатот гласеше 13-13. Сепак, Хрватска во периодот од 40-та до 47-та минута направи серија од 4-0, по која нашите репрезентативци и покрај обидите до крајот, не успеаја да се вратат. Македонија успеа да намали до 22-20, но немаше време за нов пресврт и Хрватска постигна уште еден гол до крајот за конечен триумф од 23-20.

Филип Талески со 7 голови беше прв стрелец во нашиот тим, а Мартин Велковски додаде 4 гола. По 3 голови реализираа Палевски и Нелоски, 2 додаде Арсеновски, а во листата на стрелци со 1 постигнат гол се запиша и Томислав Јагуриновски.

Утре (недела) од 17:00 часот во Умаг ќе се одигра и втората пријателска средба помеѓу Хрватска и Македонија, која ќе биде и последна подготвителна за двете репрезентации пред Европското Првенство што ќе се игра во Данска од 27 јули до 8 август.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright