Јуниорите поразени на првата пријателска средба со Словенија

Јуниорите поразени на првата пријателска средба со Словенија

Јуниорската машка репрезентација на Македонија (до 20 години) доживеа тесен пораз од Словенија во првиот од двата пријателски натпревари во рамки на подготовките за ЕП 2016. Македонија водеше во најголемиот дел од средбата, сепак домаќините со подобра игра во завршните 10-тина минути направија пресврт и победија со 20-18.

Се играше тесен натпревар во спортската сала во Рогла помеѓу Македонија и Словенија, а предводена од Филип Талески и Филип Арсеновски, Македонија прва го превзема водството. Разликата во текот на првото полувреме постојано се движеше на околу 2 гола, а впечатлив настап во тоа прво полувреме имаше и Мартин Томовски на голот на нашата селекција.

На пауза се замина со 9-7 за Македонија, па иако Словенија рано на почетокот на вториот дел успеа да изедначи, нашиот состав не дозволи противникот во ниту еден момент да поведе. Се играше генерално гол-за-гол се до самата завршница, во која се влезе со изедначени 18-18. Сепак, во последните минути, изостана реализацијата на нашиот тим, а Словенија знаеше тоа да го искористи за победа од 20-18.

Најпрецизен во нашиот тим беше Филип Талески со 8 погодоци, Горан Крстевски додаде 4, а по 2 постигнаа Јагуриновски и Велковски. Во листата на стрелци со по 1 гол се запишаа и Палевски и Маркудов.

Утре од 12:00 часот Македонија и Словенија во Рогла ќе одиграат уште една контролна средба, по што нашата репрезентација ќе ги продолжи подготовките во Умаг во Хрватска, каде ќе работи се до 27 јули, односно до заминувањето за Данска на Европското Првенство. Во Умаг, покрај редовните тренинзи, предвидени се и две пријателски средби со Хрватска на 23 и 24 јули.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на