Јуниорите го почнуваат Европското Првенство во Данска

Јуниорите го почнуваат Европското Првенство во Данска

Јуниорската машка репрезентација на Македонија (до 20 години) денеска со натпреварот против Норвешка од 17:45 часот, ќе го започне настапот на Европското Првенство што до 7 август ќе се игра во Колдинг, Данска.

Избраниците на Александар Јовиќ, по подготовките во Скопје и Маврово, во изминатите две седмици минаа квалитетни подготовки и во Словенија (Рогла) и Хрватска (Умаг) каде одиграа по две пријателски средби против домаќините, по што максимално подготвени го очекуваат стартот на континенталниот собир за млади ракометари. Од вчера репрезентацијата веќе е во Колдинг, каде синоќа и утринава одработи два тренинзи како последна подготовка за почетокот на ЕП.

Македонија на Европското Првенство со наоѓа во група со Данска, Норвешка и Холандија, а по натпреварите во групата, двете најдобро-пласирани селекции продолжуваат понатаму во осминафиналните групи, додека преостанатите две репрезентации ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.

Македонија на отворањето на Првенството ќе се сретне со Норвешка (четврток, 17:45 часот), а веќе утре (петок) ќе играме против Данска од 20:00 часот. Сабота е слободен ден, додека групата ја комплетираме во недела од 18:00 часот против Холандија. Сите три натпревари од групната фаза ќе ги играме во Сидбанк Арената во Колдинг.

Сите натпревари од ЕП ќе може да се проследат во живо (Live Stream) на http://livestream.com/m20euro

Македонија до 20 години, на Првенството ќе ја претставуваат 16 ракометари:
Мартин Томовски, Никола Даниловски, Марио Танкоски, Томислав Јагуриновски, Александар Димовски, Филип Арсеновски, Мартин Велковски, Марко Нелоски, Стефан Трпчевски, Димитар Димитриоски, Андреј Маркудов, Филип Талески, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Давор Палевски, Мице Шилегов.

13879365_886114854826019_2104268755224275918_n

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на