Наши пријатели

Јуниорите ги продолжуваат подготовките во Умаг

13775520_880945985342906_2099598623512016731_n

Јуниорската машка ракометна репрезентација на Македонија (до 20 години), по двата натпревари против Словенија во Рогла, подготовките за ЕП 2016 ги продолжува во Умаг, Хрватска.

Нашите репрезентативци денеска го одработија првиот тренинг во Спортската Сала во Умаг, а според распоредот, ќе се тренира два пати дневно секој ден, до заминувањето за Данска на 27 јули. На 23 и 24 јули, Македонија ќе одигра два натпревари против соодветната селекција на Хрватска, кои ќе претставуваат последен тест пред Европското Првенство што од 28 јули до 7 август ќе се игра во Колдинг.

[Фотогалерија од првиот тренинг во Умаг]

„Натпреварите во Рогла против Словенија се исклучително значајни за нас, за да можеме да добиеме подобра слика за тоа до каде сме со работата и да продолжиме во намерата што подобро да ги подготвиме овие млади играчи за предизвикот кој ги очекува во Данска. Еднаш победивме, еднаш загубивме, но резултатот не е воопшто важен за нас. Поважен е начинот на кој играа и пристапот. Начинот на кој го спроведуваат она што го тренираме на самите натпревари. Задоволен сум од тоа како досега се движат подготовките, но не чека уште доста работа. Продолжуваме во Умаг, ќе работиме со уште посилно темпо и според планот, низ натпреварите со Хрватска треба да ја подигнеме формата пред настапот на ЕП. Имаме одлични услови за работа, a најголемо богатство за нас во стручниот штаб и за играчите е што на овие 11-дневни подготовки во Умаг, ни се приклучува и селекторот на сениорската репрезентација а воедно и координатор на сите млади селекции, Лино Червар, човек со огромно искуство од кого сите може многу да научиме и ова ЕП да го дочекаме максимално подготвени“, вели селекторот Александар Јовиќ.

На Европското Првенство, Македонија се наоѓа во тешка група заедно со домаќинот Данска, Норвешка и Холандија. Двете најдобропласирани репрезентации во групата продолжуваат во наредната фаза. Во првата средба на континенталниот шампионат на 28 јули, Македонија ќе се сретне со Норвешка.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright