Наши пријатели

Известување за извлекувањето на групите за W17 и W19 ЕХФ Шампионатите во 2021

лог

Ве известуваме дека во канцелариите на ЕХФ во Виена согласно ранкингот во млади категории беше направена поделба на репрезентациите учеснички за младински категории во женска конкуренција (W17) и (W19) кои ќе се одиграат во летниот период во 2021 година.

За генерацијата до 17 години македониските репрезентативки ќе биде учеснички на шампионатот во Литванија (0715.08.2021 година), каде ќе учествуваат и ШпанијаСрбијаПолскаЛитванија, Белорусија, ТурцијаФинскаЛатвија, Косово и Велика Британија и истите ќе бидат поделени во две групи.

Шест репрезентации ќе се натпреваруваат во група А додека Група Б ќе брои пет репрезентации.

Организаторот има право да ја избере групата во која ќе се натпреварува.

Додека ЕХФ Шампионатот за генерацијата до 19 години, каде организатор е Ракометната Федерација на Македонија кој ќе се одржи во Скопје во период од 1018.07.2021 година, македонските репрезентативки заедно со репрезентациите на ХоланијаИсландПолска, Фарски Острови, Белорусија, Финска, Косово, Босна и Херцеговина и Велика Британија ќе бидат поделени во две групи. 

Двете групи А и Б ќе бројат по 5 репрезентации.

Организаторот има право да ја избере групата во која ќе се натпреварува.

Извлекувањето на натпреварувачките групи е закажано за ден 10.02.2021 со почеток во 11:00 часот и ќе биде објавенo на веб страната на ЕХФ www.eurohandball.com.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright