Наши пријатели

Извлекување на групи за М20 и М18 ЕХФ Шампионатите во 2018

draw_ehf_sorteggio

Денеска од 15:00 часот во канцелариите на ЕХФ во Виена, ќе се одржи извлекувањето на групите за ЕХФ Шампионатот за ракометари до 20 години што наредното лето ќе се игра во Македонија, како и за ЕХФ Шампионатот за ракометари до 18 години.

ЕХФ Шампионатите се играат во два турнири, кои имаат различни организатори. На Шампионатот до 20 години, Скопје и Македонија ќе бидат организатори на едниот турнир, додека вториот ќе се игра во Црна Гора. Што се однесува до Шампионатот до 18 години, на нашата репрезентација најпрво ќе и биде доделен еден од двата турнири што ќе се играат во Австрија, односно Грузија, а потоа ќе се се извлекуваат групите за соодветниот турнир

Одредувањето на турнирот каде ќе настапува нашата М18 репрезентација ќе биде познато на извлекувањето што почнува од 11:00 часот. Што се однесува до М20, Македонија како домаќин ќе го очекува исходот од извлекувањето за да ги добие соодветните противници.

Од 15:00 часот ќе почне извлекувањето на групите за сите четири турнири (по два турнири во М20 и во М18). Македонија како домаќин на едниот турнир во М20 ќе има право да одбере група, откако репрезентациите од останатите шешири ќе бидат извлечени. Пренос во живо од извлекувањето ќе може да се проследи на овој линк: https://www.youtube.com/watch?v=Ay34GsJ6RMI

ОБНОВЕНО:

Се одржа првиот дел од извлекувањето по кој познато е која репрезентација на кој турнир ќе настапува:

ЕХФ Шампионат М20 – СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА:
Шешир 1: Швајцарија, Белорусија
Шешир 2: Италија, Фарски Острови
Шешир 3: Македонија, Финска
Шешир 4: Грција, Украина
Шешир 5: Естонија, Британија
Шешир 6: Литванија
*По извлекувањето на шеширите 6, 5, 4, 2 и 1, Македонија како домаќин и организатор на турнирот ќе има можност да одбере во која група ќе игра.

ЕХФ Шампионат М18 – ТБИЛИСИ, ГРУЗИЈА:
Шешир 1: Швајцарија, Белорусија
Шешир 2: Италија, Фарски Острови
Шешир 3: Македонија, Финска
Шешир 4: Грција, Естонија
Шешир 5: Грузија, Литванија
Шешир 6: Луксембург

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright