Извлечени полуфиналните двојки за Купот на Македонија во машка и женска конкуренција

Извлечени полуфиналните двојки за Купот на Македонија во машка и женска конкуренција

Денеска во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на полуфиналните двојки од 26-то издание на Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Фајнл Фор турнирот во машка конкуренција ќе се игра во Спортската сала „Младост“ во Битола на 18 и 19 мај 2018 година. Полуфиналните натпревари на во петок (18 мај) ќе започнат од 16:30 и 19:15 часот, додека финалето во сабота ќе се игра од 16:30 часот. Во однос на тоа кој полуфинален натпревар ќе се игра во кој од двата термини за првиот ден од турнирот, дополнително ќе биде дефинирано.

Куп на Македонија, Мажи – Сала „Младост“, Битола
Полуфинале:
18.05.2018 РК Еурофарм Работник – РК Металург
18.05.2018 РК Вардар – РК Пелистер
Финале:
19.05.2018, 16:30

Фајнл Фор турнирот во женска конкуренција ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во СКопје на 19 и 20 мај 2018 година. Полуфиналните натпревари ќе се играат на 19 мај од 15:00 и 17:00 часот, додека финалето ќе се игра на 20 мај во 13:00 часот.

Куп на Македонија, Жени – СЦ „Јане Сандански“, Скопје
Полуфинале:
19.05.2018, 15:00 ЖРК Металург – ЖРК Вардар Јуниор
19.05.2018, 17:00 ЖРК Пелистер – ЖРК Вардар
Финале:
20.05.2018, 13:00

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на