Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија

Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија

Денеска во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на полуфиналните двојки во машка и женска конкуренција за Купот на Македонија 2017.

Во Купот во машка конкуренција, во полуфиналето би можеле да играат финалистите од минатата сезона, скопските ривали Вардар и Металург, доколку фаворизираниот Вардар успешно ја мине четвртфиналната фаза која дополнително треба да ја одигра. Во второто полуфинале ќе играат Охрид 2013 и дебитантот на Фајнл Фор турнирите, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Фајнл Фор турнирот ќе се одригра во Битола на 20 и 21 мај 2017.

Во полуфиналето во женска конкуренција пак, ќе играат Вардар – Гевгелија и Металург – Прилеп. Фајнл Фор турнирот ќе се игра во салата „Автокоманда“ во Скопје на 19 и 20 мај 2017 година.

Куп на Македонија 2017, мажи – полуфинале:
РК Вардар/ГРК Борец/РК Радовиш – РК Металург
РК Охрид 2013 – РК Еурофарм Работник

Куп на Македонија 2017, жени – полуфинале:
ЖРК Вардар – ЖРК Гевгелија
ЖРК Металург – ЖРК Прилеп

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на