Наши пријатели

Извлечени групите за СП 2017

13516283_868868009884037_1371360139291567885_n

Денеска на свечена церемонија Париз, извлечени беа групите за Светското Првенство што ќе се игра во Франција во јануари 2017 година.

Репрезентацијата на Македонија се најде во Групата Ц заедно со селекциите на Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.

Најдобропласираните четири репрезентации од секоја група ќе го продолжат натпреварувањето. Еве го изгледот на сите групи:
Група А: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка
Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис, Ангола
Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле, Саудиска Арабија
Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин, Аргентина

Дополнето:
Организаторот на Светското Првенство 2017 го соопшти точниот распоред на натпревари и градовите-домаќини на групите. Македонија своите натпревари од групата Б ќе ги игра во градот Мец во следните термини:
12.01.2017 (17:45) Македонија – Тунис
14.01.2017 (20:45) Македонија – Ангола
16.01.2017 (17:45) Македонија – Словенија
18.01.2017 (20:45) Македонија – Шпанија
19.01.2017 (17:45) Македонија – Исланд

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright