Наши пријатели

Извлечени групите за машкиот Куп на Македонија 2016

logo_rfm2-768x535

Денеска во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на групите од Купот на Македонија 2016. Вардар Јуниор, Вардар, Охрид и Металург ќе бидат домаќини на четирите турнири од групната фаза.

Според системот на натпреварување, победниците на четирите групи ќе се пласираат во полуфиналето од Купот. Во секоја од четирите групи ќе настапат по 4 екипи, кои ќе се борат за првата позиција.

Натпреварите од групната фаза ќе се играат на 16 и 17 април 2016 година.

Група 1 – домаќин: Вардар Јуниор, Скопје
Вардар Јуниор – Зомимак М
Пелистер – Младост 09

Група 2 – домаќин: Вардар, Скопје
Работнички – Вардар
Металург 2 – Македонија ЃП

Група 3 – домаќин: Охрид 2013, Охрид
Охрид 2013 – Пролет 62
Прилеп 2010 – Вардар 2

Група 4 – домаќин: Металург, Скопје
Радовиш – ХЈС Работник
Металург – ГРК Борец

Завршницата на Купот на Македонија (полуфинале и финале) е предвидена да се игра на 14 и 15 Мај 2016. По завршувањето на турнирите ќе бидат извлечени полуфиналните двојки.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright