Извлечени групите за М20 и М18 ЕХФ Шампионатите во 2018 година

Извлечени групите за М20 и М18 ЕХФ Шампионатите во 2018 година

Денеска во канцелариите на ЕХФ во Виена, извлечени беа групите за ЕХФ Шампионатите во младинските категории што ќе се играат во текот на летото 2018 година.

На Шампионатот за ракометари до 20 години што ќе се игра во Скопје, Македонија ќе настапува во групата Б заедно со селекциите на Швајцарија, Италија, Украина и Велика Британија, додека другата група ќе ја сочинуваат Белорусија, Фарски Острови, Финска, Грција, Естонија и Литванија. ЕХФ Шампионатот е предвиден да се игра во периодот од 20 до 29 јули 2018 година.

ЕХФ Шампионат до 20 години – Скопје, Македонија:
Група А: Белорусија, Фарски Острови, Финска, Грција, Естонија, Литванија
Група Б: Швајцарија, Италија, Македонија, Украина, Велика Британија

На Шампионатот за играчи до 18 години, Македонија ќе настапи на турнирот што ќе се игра во Тбилиси во Грузија во периодот од 10 до 19 август 2018 година. Нашите кадети ќе бидат дел од групата А заедно со селекциите на Швајцарија, Фарски Острови, Естонија, Литванија и Луксембург.

ЕХФ Шампионат до 18 години – Тбилиси, Грузија:
Група А: Швајцарија, Фарски Острови, Македонија, Естонија, Литванија, Луксембург
Група Б: Белорусија, Италија, Финска, Грција, Грузија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на