Наши пријатели

ИЗВЕСТУВАЊЕ

лог

Ракометната Федерација на Македонија ве поканува на дружење со машката сениорска ракометна репрезентација, во екот на клучната фаза од квалификацискиот круг за пласман на ЕП Хрватска 2018. Настанот во чии рамки селекторот Раул Гонзалес, капитенот Кире Лазаров и уште неколку репрезентативци ќе ви бидат на располагање за потпишување дресови, ќе се одржи на

17.06.2017 (сабота)
во фан-шопот на РФМ
(Спортски салон Д Спорт – Градски стадион)
12:00-13:00ч.

Организатор на настанот: D-спортска опрема
https://facebook.com/Dsportskaoprema

Напомена: Заклучно со денешниот ден, билетите за натпреварот помеѓу националните селекции на Македонија и Чешка, кој ќе се одржи на 18.06.2017 (недела), се целосно распродадени.
Би сакале да ги известиме сите фанови кои ќе ја бодрат македонската репрезентација од трибините, во ВИП арената „Борис Трајковски“, да дојдат минимум половина час пред почетокот на натпреварот.

Спортски поздрав,
Ракометна Федерација на Македонија

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright