Наши пријатели

Известување за собир на Женска младинска репрезентација

16864622_1067958879974948_4825789765462274977_n

ВД Селекторот на Женската младинска репрезентација на Македонија, Борче Марковски, го објавува списокот на ракометарки повикани за собир за настап на Квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на Европско Првенство за младинки 2017 во Словенија.

Собирот е закажан за среда, 15 март 2017, со почеток во 10:00 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје. Натпреварите од Квалификацискиот турнир за ЕП ќе се играат исто така во СРЦ „Кале“ во периодот од петок до недела.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ

Голмани: Амра Иљаз, Јована Мицевска, Слободанка Кицеска
Крила: Пена Граматова, Анастасија Николовска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис
Бекови: Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сашка Филиповска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Милица Николиќ
Пикери: Михаела Камческа, Јована Владева, Ања Велкова

На Квалификацискиот турнир во Скопје, Македонија ќе се сретне со селекциите на Унгарија, Фарски Острови и Молдавија. Двете најдобропласирани репрезентации ќе обезбедат учество на ЕП во Словенија. Сите натпревари од Квалификациите ќе бидат пренесувани во живо (Live Stream):

17.03. (17:00) Фарски Острови – Молдавија (https://youtu.be/1OBQqcRUpkI)
17.03. (19:30) Унгарија – Македонија (https://youtu.be/xTplpmYTa9I)

18.03. (17:00) Унгарија – Фарски Острови (https://youtu.be/GdUFJm-ZQT0)
18.03. (19:30) Македонија – Молдавија (https://youtu.be/MmGttDywOpA)

19.03. (17:00) Молдавија – Унгарија (https://youtu.be/KeB-aR-2f4M)
19.03. (19:30) Македонија – Фарски Острови (https://youtu.be/pnq9rDfMJiw)

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright