Наши пријатели

Известување за собир на Женска младинска репрезентација

16864622_1067958879974948_4825789765462274977_n

ВД Селекторот на Женската младинска репрезентација, Борче Марковски, го објави списокот од 18 ракометарки повикани за собир за припреми за Квалификацискиот турнир за ЕП 2017, што ќе се одигра во периодот од 17 до 19 март во Скопје.

Собирот е закажан за 11 март 2017 (сабота) и 12 март 2017 (недела) со почеток во 18:00 часот во Спортската сала „Автокоманда“ во Скопје.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ:

Амра Иљаз, Јована Мицевска, Слободанка Кицеска, Пена Граматова, Анастасија Николовска, Анастасија Спировска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сашка Филипоска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Марија Гугуљанова, Милица Николиќ, Михаела Камческа, Јована Владева, Ања Велкова.

Квалификацискиот турнир за пласман на ЕП 2017 во Словенија ќе се одржи во Скопје во периодот од 17 до 19 март 2017 година, а натпреварите ќе се играат во СРЦ Кале. Македонија се наоѓа во група со Унгарија, Молдавија и Фарски Острови. Двете најдобропласирани репрезентации од групата ќе се пласираат на Континенталниот собир во Словенија што ќе се игра во периодот од 26 јули до 6 август 2017 година.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright