Наши пријатели

Извлечени четвртфиналните групи и двојки за Купот на Македонија

лог

Денеска во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на четвртфиналните групи од Купот на Македонија во машка конкуренција и четвртфиналните натпревари во женска конкуренција. 

Четвртфиналните групи во машка конкуренција ќе се играат на 22/23 април 2017 година. Четирите победници на групите ќе обезбедат пласман на Фајнл Фор турнирот што ќе се игра во периодот од 19 до 21 мај 2017 година.

1/4 финале Куп на Македонија (мажи), Група 1 – Организатор РК Металург
Полуфинални натпревари:
РК Пролет 62 – РК Металург
РК Македонија ЃП – РК Прилеп 2010

1/4 финале Куп на Македонија (мажи), Група 2 – Организатор РК Охрид 2013
Полуфинални натпревари:
РК Работнички – РК Струга
РК Охрид 2013 – РК Металург 2

1/4 финале Куп на Македонија (мажи), Група 3 – Организатор РК Еурофарм Работник
Полуфинални натпревари:
РК Пелистер – РК Вардар Јуниор
РК Младост 09 – РК Еурофарм Работник

1/4 финале Куп на Македонија (мажи), Група 4 – Нема организатор
Полуфинални натпревари:
РК Вардар – ГРК Борец
РК Радовиш – РК Вардар 2

Согласно Пропозициите, натпреварите од групата која нема организатор ќе се играат на терените на извлечените домаќини. Во конкретниот случај, во Групата 4, во полуфиналните натпревари РК Вардар ќе биде домаќин на ГРК Борец, односно РК Радовиш ќе биде домаќин на РК Вардар 2. Во финалниот меч од групата, домаќин и организатор ќе биде победникот од натпреварот РК Радовиш – РК Вардар 2.

Во четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција, извлечени беа четирите двојки. Според Пропозициите, се игра еден натпревар, а победниците од четирите дуели ќе обезбедат пласман на Фајнл Фор турнирот. Четвртфиналните натпревари во Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се играат на 19/20 април 2017 година.

1/4 финале Куп на Македонија (жени) – Еден натпревар
ЖРК Гевгелија – ЖРК Овче Поле
ЖРК Вардар СЦЈС – ЖРК Вардар
ЖРК Куманово – ЖРК Металург
ЖРК Прилеп – ЖРК Пелистер

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright