Изјава од Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов

Изјава од Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов

По неуспешните квалификациски натпревари за ЛОИ 2016 на машките сениори, јас лично сум многу разочаран од неуспехот и стојам на ставот кој го кажав по завршувањето на Европското првенство во Полска: моето повлекување ќе биде презентирано до надлежните тела во федерацијата; управниот одбор и собранието.

Овој пат нема оправдувања, сите во репрезентацијата сме свесни дека испуштивме огромна шанса за историски успех ама веројатно, толкави ни беа силите и можностите. Жал ми е што исклучително квалитетните имиња кои ги имаме во ракометот не успеаа да дојдат до овој најголем спортски спектакл наречен ЛОИ. Желбата беше огромна, но притисокот уште поголем, што веројатно беше каменот што не сопна… Секоја чест и огромна благодарност до капитенот кој максимално се вложи како лично така и професионално.

Ова за мене е големо разочарување и подготвен сум да ја понесам одговорноста, но задоволен сум што оваа раководна гарнитура ја постави федерацијата организациски на здрави нозе и состави систем на вредности кој може многу лесно да подготвува млади таленти за големи успеси. Би сакал исто така да им честитам на нашите млади надежи за успехот на квалификациите за ЕП во Данска и се надевам дека олимпискиот сон наскоро повторно ќе го сонува некоја од младите категории.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на