Наши пријатели

Информација за медиумите

лог

Ракометната Федерација на Македонија на неколку наврати ја информираше јавноста дека пријателските натпревари помеѓу женските сениорски ракометни репрезентации на Р. Македонија и Р. Србија закажани за 17 и 18 март 2017 година ќе бидат од затворен карактер.

Поради технички пропуст на редарските служби, на некои претставници од спортски медиуми не им бил дозволен влез во салата на денешната прва средба. Ракометната Федерација на Македонија би сакала да упати јавно извинување до претставниците на сите медиуми на кои не им бил дозволен влез во салата на денешната прва средба, со надеж дека несаканиот настан нема да ја попречува добрата досегашна соработка и во иднина.

Во врска со претстојниот втор натпревар кој ќе се одигра во сабота (18 март) со почеток во 12:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје, двете национални федерации се согласија да се дозволи фотографирање/снимање од страна на фоторепортерите/камерманите за време на првите 15 минути од натпреварот, односно од 12:00 до 12:15 часот.

Поради тоа што и овој натпревар останува од затворен карактер, присуство на публика, новинари и фоторепортери и овој пат нема да биде дозволено.

Се замолуваат претставниците на медиумите кои ќе присуствуваат на првата четвртина од натпреварот, да ја почитуваат приватноста на двете репрезентации и да го напуштат теренот по означениот термин.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright