Наши пријатели

Информација за извлекување за Супер Машка Лига и Прва Машка Лига

rfm

Ве информираме дека извлекувањето на редните броеви за одредувањето на редоследот на натрпревари во Супер Машка Лига (Плеј оф и Плеј аут) и Прва Машка Лига (Плеј оф и Плеј аут) за натпреварувачка сезона 2020/2021  ќе се одржи во 30.12.2020 (Среда) со почеток во 12:00 часот со LiveStream на YouTube каналот на РФМ.

Линк: https://www.youtube.com/watch?v=xkrX5behPTY

По завршување на регуларниот дел првите 3 (три) екипи од двете групи заедно со екипите кои настапуваат во Регионалната лига (РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер) ја формираат Плеј оф групата од 8 екипи кои ќе го одредат победникот на првенството и учесниците во ЕХФ куповите и Регионалната лига.

Екипи кои учествуваат во Супер Лига Плеј оф:

РК ВАРДАР 1961

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

РК МЕТАЛУРГ

ГРК ОХРИД

РК ПРОЛЕТ 62

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

РК СТРУГА

Екипите од 4 до 7 место од групите А и Б од регуларниот дел ќе ја формираат Плеј аут групата од 8 екипи.

Екипи кои учествуваат во Супер Лига Плеј аут:

ГОЛДЕН АРТ КЛ 7

ГРК ТИКВЕШ 2014

РК РАДОВИШ

РК ПРИЛЕП

РК ЈУНИОР К.В

РК РАБОТНИЧКИ

РК АСТРАИОН ХЕНДБОЛ

РК МЛАДОСТ  1977

Во Плеј оф и Плеј аут ќе се игра еднокружен бод систем 2 х 7 кола (дома/гости ). Учесниците во Плеј оф и победникот во Плеј аут ја формираат Супер Машка Лига за натпреварувачка сезона 2021/2022 година.

Второ пласираната екипа во Плеј Аут групата ќе игра бараж натпревар со прво пласираната екипа од Првата Машка Лига, победникот од тој натпревар ќе обезбеди учество во Супер Машка Лига во натпреварувачка сезона 2021/2022 година.

Супер Машка Лига за сезона 2021/2022 ќе брои вкупно 10 ракометни екипи.

По завршување на регуларниот дел од првенството се формираат плеј оф и плеј аут групи составени од 8 екипи. Екипите од 1-4 место од група А и група Б ќе ја формираат плеј оф групата од 8 екипи.

Екипи кои учестуваат во Прва Лига Плеј Оф:

РК СКОПЈЕ 2020

РК АЕРОДРОМ

РК ДРАЧЕВО

РК МЕТАЛУРГ-РА

РК ШАМПИОН

МРК КУМАНОВО

РК ЈЕХОНА

РК ВАРДАР НЕГОТНИО

Екипите од 5-8 место од група А и група Б ќе ја формираат плеј аут групата од 8 екипи.

Екипи кои учестуваат во Плеј Аут:

ГРК БОРЕЦ

РК ПРЕСПА 2015

РК ТЕКСТИЛЕЦ

РК ДЕЛЧЕВО-ВАРДАР

РК РИНИА М

РК ПАРТИЗАН 2016 СПОРТ

РК КИЧЕВО 2020

РК МАКЕДОНИЈА ЃП

Победникот во Првата Машка Лига ќе игра еден бараж натпревар со второпласираната екипа во плеј аутот во Супер Машка Лига 2020/2021. Победникот од овој натпревар ќе обезбеди учество во Супер Машка Лига во натпреварувачка сезона 2021/2022 која ќе брои вкупно 10 екипи.

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright