Наши пријатели

Информација за извлекување за Прва Лига мажи и Супер Лига Жени

rfm

Ве информираме дека Извлекувањето на групите за Прва Машка Лига и извлекувањето на редните броеви за одредување на редоследот на натпреварите во Супер Женска Лига за натпреварувачка сезона 2020/2021  ќе се одржи во 10.08.2020 (Понеделник) со почеток во 12:00 часот со LiveStream на YouTube каналот на РФМ.

Линкhttps://www.youtube.com/watch?v=6KSyvZNrAB0

Во Прва Машка Лига ќе учестуваат 16 екипи

Шешир 1 РК Металург-РА / РК Аеродром

Шешир 2 РК Македонија Ѓ.П. / РК Риниа-М

Шешир 3 РК Скопје 2020 / РК Шампион / РК Драчево

Шешир 4 ГРК Борец / РК Јехона /РК Кичево 2020/ РК Преспа 2015

Шешир 5 РК Вардар Неготино / РК Делчево-Вардар / МРК Куманово / РК Партизан 2016 / РК Текстилец

Во група А ќе бидат екипите од Шешир 4, една екипа од Шешир 1, една екипа од Шешир 2 и две екипи од Шешир 3.

Во група Б ќе бидат екипите од Шешир 5, една екипа од Шешир 1, една екипа од Шешир 2 и една екипа од Шешир 3.

Системот на натпреварување во секоја група во Прва Машка Лига ќе се одигра по еднокружен бод систем (домаќин-гостин) 2 х 7 кола – вкупно 14 кола. По завршување на регуларниот дел од првенството се формираат плеј оф и плеј аут групи составени од 8 екипи.

Екипите од 1-4 место од група А и група Б ќе ја формираат плеј оф групата од 8 екипи. Екипите од 5-8 место од група А и група Б ќе ја формираат плеј аут групата од 8 екипи. Победникот во Првата Машка Лига ќе игра еден бараж натпревар со второпласираната екипа во плеј аутот во Супер Машка Лига 2020/2021.

Во системот на натпревари во Женска Лига – СКОПСКО учестваваат 13 (тринаесет) екипи.

РК СПАРТАК

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЖРК

ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

ЖРК КУМАНОВО

РК ШАМПИОН

ЖРК МЕТАЛУРГ

РК КУЗМАН – ВАРДАР

РК ДЕСПИНА

ЖРК СТРУЖАНКА

Ж.Р.К ВАРДАР

ЖРК ЧАИР

ЖРК ГЕВГЕЛИЈА

ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012

Системот на натпреварување во Женската Лига -СКОПСКО ќе биде еднокружен бод систем дома-гости 2 x 13 кола (вкупно 26 кола). По завршувањето на 26-то коло се добива конечниот пласман на екипите за сезона 2020/2021 год.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright