Иле Темелковски го објави списокот на Младинската репрезентација

Иле Темелковски го објави списокот на Младинската репрезентација

Селекторот на Младинската репрезентација на Македонија (до 21 година), Иле Темелковски, ги соопшти имињата на ракометарите на кои ќе смета за подготовките и настапот на Квалификацискиот турнир за Светското Првенство 2017.

Нашата Младинска репрезентација се наоѓа во група со Полска, Португалија и Турција, а квалификацискиот турнир ќе се одигра во Скопје во периодот од 4 до 6 јануари 2017. Само првопласираната репрезентација обезбедува учество на Светското Првенство што ќе се игра во Алжир во втората половина на јули 2017 година.

Младинската репрезентација ќе се подготвува заедно со Сениорската во најголемиот дел од подготвителниот период, а заминувањето за Маврово за првиот собир за почеток на подготовките е предвидено за вторник (20 декември) од 09:30 часот од пред канцеларијата на РФМ.

СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВИОТ СОБИР НА МЛАДИНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

ШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести