Наши пријатели

(Фото) Сениорите пристигнаа во Украина за квалификацискиот меч за ЕП

1

Машката сениорска репрезентација на Македонија со директен лет од Скопје утринава пристигна во Суми, за настап на утрешниот меч против Украина од Квалификациите за ЕП 2018.

Селекторот Раул Гонзалез, заедно со 17-те играчи на кои ќе смета за мечот, денеска ќе ги одработат последните подготовки во салата каде утре од 18:00 часот по македонско време ќе го одиграат натпреварот кој може и да решава за пласманот на континенталниот собир.

Македонија, Украина и двете останати селекции од групата – Чешка и Исланд имаат по 4 освоени бодови во досегашните 4 средби. По средбата во Суми, Македонија последното коло од Квалификациите ќе го одигра во недела (18 јуни) против Чешка во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје (Влезници за натпреварот). Во првата средба помеѓу Македонија и Украина играна во Скопје во ноември 2016, Македонија славеше со 27-21.

2

19106074_1166490910121744_6214956198341745468_n

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright