(Фото) РК Вардар ја одбрани титулата во Македонското Првенство

(Фото) РК Вардар ја одбрани титулата во Македонското Првенство

Со победа од 38-25 против Пролет на домашен терен, екипата на Вардар на коло до крајот од Суперлигашкиот Плејоф, недостижно се одлепи пред конкурентите со што ја осигура титулата во домашниот Шампионат.

На Вардар му преостанува само уште еден натпревар до крајот на Првенството кој го игра на гостински терен кај Металург, сепак денешниот триумф им донесе 8 бодови предност на табелата, недостижни за второпласираниот Металург и покрај тоа што тимот од Автокоманда има одиграно натпревар помалку.

Ова е 12-та титула за Вардар во 26-та сезона од Националното Првенство и веќе четврта по ред, со што црвено-црните се зацврстија на првото место според бројот на титули пред Металург и Пелистер кои се изедначени со по 6 трофеи досега.

На 18 и 19 мај ќе се одигра и завршницата од Националниот Куп 2018, каде Вардар исто така влегува како бранител на трофејот. Турнирот ќе се игра во Спортската сала Младост во Битола, а покрај Вардар, ќе настапат и Металург, Еурофарм Работник и Пелистер.

Во походот кон одбраната на минатогодишните историски четири трофеи, Вардар го очекува и Финалниот турнир во Лигата на шампионите на ЕХФ закажан за 26 и 27 мај во Келн.

1 2 3 4 6

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на