Фото: Одработен првиот тренинг во Словенија

Фото: Одработен првиот тренинг во Словенија

Машката сениорска репрезентација на Македонија, од синоќа е во Словенија каде утринава го одработи првиот тренинг пред двете контролни средби против домаќинот што ќе се играат денеска и утре.

Избраниците на селекторот Ивица Обрван денеска тренираа во салата во Кршко, каде вечерва од 18:00 часот ќе го одиграат првиот натпревар против Словенија. Утре, нашите репрезентативци ќе играат од 18:30 часот во Целје, натпревар од кој ќе се емитува пренос на локалните телевизии.

Покрај натпреварите против Словенија, Македонија во склоп на подготовките за ЕП ќе одигра уште две пријателски средби против Црна Гора во Скопје, закажани за 10 и 11 јануари.

Европското Првенство во Полска почнува на 15 јануари, а Македонија своите натпревари од групата ќе ги игра во Краков против Франција, Полска и Србија.

image-7f3b1b0963d257f7232fdbefbcb04075c7fe8d13dfc0c03f915329eacb28479a-V

image-27c3e9cada8205f17fd2dc5abdb1f6966219e032b842df5fa4ae851a0c327350-V

image-1840661e0b2b79af1bafe2a7d809488c38c7588d2735e938dec98348a073029d-V

image-f91488d80704d545c4f78d0d06525aeb36e81185a57f9e2fa8cc8cf471a6ff42-V (1)

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на