Наши пријатели

(Фото) Јуниорите ги почнаа подготовките во Словенија

DSC_0127

Јуниорската машка репрезентација на Македонија (до 20 години), денеска пристигна во Рогла, Словенија, каде веќе го одработи и првиот тренинг пред двата пријателски натпревари против домашната селекција.

По подготовките во Скопје и Маврово во изминатиот период, нашата Јуниорска репрезентација походот кон Европското Првенство во Данска го продолжува со тренинзи и два подготвителни натпревари во Словенија. Во фантастични услови во Рогла, избраниците на Александар Јовиќ попладнево го одработија првиот тренинг во спортската сала каде утре (петок) од 18:30 часот ќе ја одиграат првата пријателска средба против домашната репрезентација, која исто така е учесник на Европското Првенство.

За сабота од 13:00 часот, предвиден е уште еден пријателски меч помеѓу Македонија и Словенија, по што нашата селекција ќе замине за Умаг, Хрватска, каде ќе ја одработи последната фаза од подготовките, до заминувањето за Колдинг на 27 јули.

Во периодот на подготовките во Умаг, Македонија ќе одигра два подготвителни натпревари против Хрватска, кои ќе бидат и последен тест пред континенталниот шампионат. На Европското Првенство во Данска, Македонија се наоѓа во Групата Ц каде ќе се сретне со домаќинот, Норвешка и Холандија.

DSC_0006 DSC_0027 DSC_0028 DSC_0048 DSC_0051 DSC_0058 DSC_0066 DSC_0077 DSC_0082 DSC_0084 DSC_0087 DSC_0109 DSC_0131

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright