Драган Начевски останува прв човек на Судиската Организација на ЕХФ

Драган Начевски останува прв човек на Судиската Организација на ЕХФ

На ЕХФ Конгресот што деновиве се одржува во Сент Волфганг во Австрија, Драган Начевски доби нов четиригодишен мандат на чело на Судиската Организација на Европската Ракометна Федерација. Квалитетната работа на оваа позиција во изминатите четири години беше главна препорака за Драган Начевски одново да ја добие довербата да ја предводи престижната Судиска Организација на ЕХФ.

Денеска на Конгресот, официјално беше промовиран и новиот Претседател на ЕХФ, досегашниот Генерален Секретар Михаел Видерер, кој на претседателската позиција го наследува Жан Брио, кој пак поради старосната граница не можеше да се кандидира за нов мандат. За Потпретседател беше избран Предраг Бошковиќ од Црна Гора, додека Божидар Ѓурковиќ од Србија е нов „прв човек“ на Натпреварувачката комисија.

Македонската делегација на ЕХФ Конгресот во Сент Волфганг ја предводат Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и Генералниот Секретар, Филип Милошевски.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на