Четири клубови во машка и три во женска конкуренција ќе ја претставуваат Македонија во Европските Купови 2017/18

Четири клубови во машка и три во женска конкуренција ќе ја претставуваат Македонија во Европските Купови 2017/18

Европскиот шампион РК Вардар заедно со македонскиот вицешампион РК Металург ќе ја претставуваат нашата земја во машката Лига на шампиони на ЕХФ во натпреварувачката сезона 2017/18. Покрај двете скопски екипи, во ЕХФ Купот за наредната сезона ќе настапува РК Охрид 2013, додека претставник на Македонија во Челинџ Купот ќе биде РК Еурофарм Работник.

Дополнително барање за уште едно место во европските натпреварувања испрати и РК Пелистер, кое од Ракометната Федерација на Македонија е проследено до ЕХФ. Одговорот од ЕХФ на барањето за дополнително место ќе се очекува по завршувањето на рокот за регистрација на клубови.

Во женска конкуренција, ЖРК Вардар и во наредната сезона ќе настапува во Лигата на шампионките, додека во Челинџ Купот ќе се натпреваруваат ЖРК Металург и ЖРК Куманово.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024