Александар Јовиќ го објави поширокиот список на Младинската машка репрезентација

Александар Јовиќ го објави поширокиот список на Младинската машка репрезентација

Младинската машка репрезентација на Македонија (У20) на почетокот на април ќе настапи на Квалификациите за ЕП 2016, а в.д. селекторот Александар Јовиќ, денеска го објави списокот од 28 ракометари кои ги повика на првиот собир на 20 март.

Првиот собир со кој ќе стартуваат подготовките ќе се одржи во недела (20 март 2016) од 18:00 часот во Спортската Сала Автокоманда во Скопје.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ

Квалификацискиот турнир за Европското Првенство У20 ќе се игра во периодот од 8 до 10 април, а домаќин на турнирот е Швајцарија. Нашата репрезентација, покрај со домаќинот, во квалификациската група ќе се сретне уште со Фарски Острови и Црна Гора. Сите натпревари ќе се одиграат во Шафхаузен.

Распоред на натпревари:
08.04. (19:30) Македонија – Швајцарија
09.04. (17:00) Македонија – Фарски Острови
10.04. (10:30) Македонија – Црна Гора

Според системот на натпреварување, најдобро-пласираните две репрезентации од квалификациската група ќе обезбедат учество на Европското Првенство за младинци што ќе се игра во Данска од 28 јули до 7 август 2016 година.

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на