РК ПРИЛЕП
Името на нашиот ракометен клуб датира уште од 70-тите години на минатиот век, а по неколкуте промени зависно од соработката со различните спонзори (РК Тутунски комбинат, РК ВИП и РК Златен даб), во 2010 се враќа оригиналното и првично име РК Прилеп.
Од самите почетоци, па понатаму низ годините што следуваат, нашиот клуб бележи доста големи победи и други значајни остварувања како што се: првото место во Купот на Македонија во 2002, второто место во Купот на Македонија во 2000 и 2001, првото место во Втората сојузна лига во Југославија во натпреварувачката сезона 1992/1992, учество во Купот на победниците на Куповите во сезоната 2001/2002, учество во ЕХФ Купот во 2016/2017 итн.
Денес, РК Прилеп се натпреварува во машката Супер лига. Официјалните дресови на нашите ракометари се во комбинација од жолта и црна боја (на голманите – зелена боја).