РК АЛКАЛОИД
РК Алкалоид е формиран во 2021 година со јасна и стратешка цел: да им овозможи на младите ракометни таленти вистинска насока и можност за развој, како на спортски така и на личен план. Водени од принципите на професионалност, интегритет и систематска работа, нашата мисија е да изградиме врвни играчи со цврсти животни вредности.
Нашиот тим обезбедува квалитетен и современ тренажен процес, со фокус на напредок на секој ракометар. Правилната едукација, селекција и поддршка се основата за создавање генерации што ќе бидат столб на македонскиот ракомет.
Визијата на клубот е да се достигнат и промовираат највисоките европски стандарди на работа. Македонија е препознатлива по своите ракометни таленти, а нашата мисија е со посветеност да ги развиеме идните ракометни ѕвезди.
Нашиот клуб низ годините се етаблира како една од екипите која води борба за највисок дострел на домашната сцена. РК Алкалоид досега има два освоени трофеја во Македонија, тоа се Супер купот и Купот на Македонија (2024). На меѓународната сцена, РК Алкалоид е освојувач на Европскиот Куп на ЕХФ 2024/25, што го става во друштво како еден од трите клубови со европски трофеи во македонскиот ракомет.