Ракометната федерација на Македонија доби признание на вечерашната свечена церемонија „Златна Олимпија 2025“, организирана од Македонскиот олимписки комитет.
Најуспешна федерација во унапредување на родова еднаквост за 2025 година, признание кое е потврда за нашата континуирана посветеност, еднакви можности и поддршка на развојот на ракометот без разлики.
Оваа награда е мотив плус да продолжиме уште посилно, уште похрабро и уште поодговорно.








