Во пресрет на претстојниот Ф4 турнир од Купот на Македонија, ве информираме дека билетите се пуштени во продажба од денес.
Со еден билет ќе може да се проследат полуфиналните натпревари од машкиот и женскиот Ф4, кои ќе се одиграат на 17 и 18 април во СС „Парк“ – Струмица.
Цената на билетот изнесува 400 денари. Билетите можете да ги купите на следниов линк https://mktickets.mk/event/f4polu/
За билетите за финалниот натпревар (недела), дополнително ќе биде објавена информација.






