Здружението на ракометни судии на Македонија, преку Стручната комисија, објавува повик за пријавување на нови ракометни судии.
Доколку сакаш да бидеш дел од ракометот и да се развиваш во спортска и професионална насока — пријави се!
Критериуми / Услови за пријавување:
• наполнети 16 години
• да играле ракомет или да имаат основно познавање на играта
• да го сакаат ракометот и да имаат желба да бидат дел од спортот
• добри комуникациски вештини и способност за работа во тим
• одговорност, дисциплина и интегритет (фер-плеј и почитување правила)
• подготвеност за обука/семинари и тестирања
• добра психофизичка подготвеност
• спремност за судење на натпревари според распоред (викенди/термини по номинација)
Пријавување: испрати кратка биографија (CV) на: strucna.komisija@gmail.com
Рок за пријавување: до 15 февруари
Пријави се сега и стани ракометен судија!







