ГРК ОХРИД

Ракометниот клуб Охрид е основан во 2011 година под името РК Охрид 2011 од страна на локални ракометари, тренери и спортски работници со цел да се возобнови ракометот во градот Охрид.

Клубот за прв пат заиграл во македонската супер лига во сезоната 2013/14 под името РК Охрид 2013, и во својата премиерна сезона завршил на седмото место во регуларниот дел од сезоната и на второто место во плеј-аут разигрувањето.

Во сезоната 2016/17, РК Охрид 2013 го освоил првото место на табелата во регуларниот дел од супер лигата, а во плеј-оф разигрувањето завршил на третото место, зад Вардар и Металург, со што обезбедил премиерно учество во европските натпреварувања. Во сезоната 2017/18, РК Охрид 2013 премиерно учествувал во ЕХФ Купот.

Од 2018 година клубот се преименувал во ГРК Охрид (Градски ракометен клуб Охрид).